Зидан: Баварците ќе бидат опасни во Мадрид

Точка

26/04/2018

09:08

772

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем исчекор кон пласман во финалето од Лигата на шампионите откако синоќа славеа на „Алијанц“ арената против Баерн Минхен со 1:2.

Баварците поведоа со голот на Кимих, меѓутоа после серија на промашувања, Реал Мадрид со головите на Марсело и Асенсио стигна до многу важна победа во пресрет на реванш натпреварот кој е закажан за идниот вторник на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

„Задоволен сум од резултатот. Сепак, имавме проблеми со Баерн, посебно на почетокот на натпреварот кога едноставно не можевме да ја превземеме контролата на игра“, изјави Зидан и додаде:

„Далеку од тоа дека сме во финале. Баерн ќе биде опасен и може да победи во Мадрид, но ние исто така мораме да бидеме задоволни од победата во Минхен“, изјави Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг