Лоши вести за Баерн: Алаба нема да биде подготвен за вечерашниот дуел против Реал Мадрид

Точка

25/04/2018

17:01

837

Големина на фонт

а а а

Иако беше најавен во стартниот состав, се чини дека Давид Алаба нема да биде подготвен да настапи на еден од најважните натпревари на Баерн Минхен оваа сезона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Австриецот поради повреда сепак ќе го пропушти вечерашниот дуел, иако денес се чинело дека Алаба ќе биде подготвен да истрча на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Ова малку ќе ги поремет плановите на Јуп Хајнкес кој ќе мора да пронајде ново решение за левата бековска позиција каде што речиси сигурно е дека на теренот ќе истрча Рафиња.

Давид Алаба оваа сезона одира 34 натпревари за Баерн Минхен, од кои шест натпревари ги одигра во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг