Заев очекува исчекор од денешната средба за името во Виена

Макфакс

25/04/2018

14:03

601

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба за името во Виена на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со медијаторот Метју Нимиц.

- На секоја средба гледам можност за исчекор. Има напредок кој ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор сега повторно во Виена, да го искористиме секој мегдан и можност да направиме приближување за конечно решение.

Во однос на изјавата на еврокомесарот Хан дека очекува решение на спорот во следните две недели, Заев вели дека е пријателска.

- Секој сака да се реши час поскоро, недела порано, да се реши овој горлив проблем важен за целиот регион. Продолжуваме со оптимизмот, верувам во креативноста на двајцата министри да се најдат конструктивни решенија, достоинствени за двете страни, додаде Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг