Дали е ова доказ дека Американците апсолутно немаат намера да се повлечат од Сирија?

Точка

25/04/2018

14:10

4.445

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави воспоставија нова воена база во сириската покраина Хасака, додека пак Франција испраќа нови воени конвои во тоа подрачје.

Овие информации ги пренесува либанската телевизија „Ел Манар“ која што се повикува на информации од терен. Според изворите на споменатиот медиум, Американците веќе ја градат новата база во Сирија, а во базата свои сили ќе распореди и Франција.

Иако неодамна Доналд Трамп го изненади светот со најавата дека САД ќе се повлечат од Сирија затоа што од американското присуство во оваа земја на Блискиот исток повеќе корист имаат сојузниците, отколку САД, сепак очигледно е дека тоа нема да се случи.


Не само што САД нема да се повлечат од Сирија, туку Доналд Трамп на 14-ти април нареди изведување на ракетни напади на позициите на сириската армија, односно на обејкти за кои што постоеше сомнение дека се користат за развој на хемиско оружје, а во нападот покрај САД, учествуваше и Велика Британија и Франција.


Покрај тоа, францускиот претседател во неодамнешното интервју за француската телевизија "BFM", откри дека тој го убедил Трамп за американската војска да остане на своите позиции во Сирија.

„Го убедивме дека е неопходно да остане таму. Имаме целосен меѓународен легитимитет да делуваме во тие рамки. Три земји членки на Советот за безбедност интервенираа“, откри францускиот претседател Емануел Макрон, кој што неколку дена подоцна изјави и дека „треба да се изгради нова Сирија после војната“, додавајќи дека улогата на Соединетите Американски Држави ќе биде исклучително важна во тој процес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг