Урко: Шест до седум години го молев Груевски да набави ново возило

Макфакс

25/04/2018

13:23

7.922

Големина на фонт

а а а

Сведокот Дејан Митревски – Урко во исказот пред судот за случајот „Тенк“ рече дека со години возилата на МВР за обезбедување ВИП-личности биле во дефект и завршувале на сервис, при што биле сведоци на многу непријатни ситуации при превозот на функционери.

„Ми се матеше во главата од шофершајбната на возилото бидејќи седев на предното седиште. На лекарските контроли ми рекоа дека од тоа може да ми се појави диоптрија. Кога се јавив во фабриката да реагирам, ми рекоа дела деловите за ова возило повеќе не се произведуваат бидејќи таа серија возила е исфрлена од употреба“, рече Митревски.

Тој пред судот сведочеше дека стариот возен парк на МВР имал проблем со „цревата за воздух и за притисок и затоа многу често возилата ги носевме на мајстор“.

„Возилото го носевме на сервис само кога претседателот на владата ќе одеше на пат со авион. Со тие возила ги доведувавме нивните животи во опаснот“, рече Урко и додаде: „Свесен за сето ова, уште кога стана премиер Никола Греувски инсистирав за набавка на ново возило. Шест до седум години го молев Груевски да набави ново возило“.

Во кривичниот суд денеска се одржа ново рочиште за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра. Одбраната за денешното рочиште како сведок го обезбеди и Дејан Митревски – Урко, шеф на обезбедувањето на тогашниот премиер Груевски. Ќе сведочат и двајца вештаци, Тале Герамитчиоски и Страхил Глигоровски.

На претходното рочиште сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на важни личности. Во случајот „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради тоа што таа имала ризична бременост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг