Димитров и Коѕијас на средба во Виена

Макфакс

25/04/2018

09:34

1.016

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Виена во попладневните часови ќе имаат средба со медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц.

Двајцата министри, последно се сретнаа пред две нели во Охрид од каде истакнаа дека за прв пат разговарале за временската рамка во преговорите и начинот на имплементирање на евентуалното решение. Шефовите на дипломатиите, тогаш го потврдија напредокот во преговарачкиот процес, но исто така искоментираа дека остануваат најтешките прашања во решавањето на спорот.

Вчера еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека е можно Македонија и Грција да го решат спорот со името за 15 дена. По изјавата на Хан, премиерот Зоран Заев рече дека не верува оти спорот за името би можел да се реши за две недели, додека пак, грчкото МНР му порача на Хан да не создава погрешна слика за преговорите кои и онака не ги разбира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг