Ефенберг го издвои играчот на Реал со кој не би сакал да се соочи: Немаше да освојат толку титули без него во тимот

Дерби

24/04/2018

13:53

2.508

Големина на фонт

а а а

Штефан Ефенберг беше лидер на Баерн Минхен во почетоците на новиот век и важеше за играч кој без никаков компромис влегува во секој дуел со противниците, а без оглед на тоа што своевремено важеше за еден од најгрубите играчи во светот, германската легенда одлучи да издвои еден играч на Реал кој не би го сакал за свој противник.

Во најавата која ја направи за утрешната мега пресметка во полуфиналето во Лигата на шампионите, Ефенберг како круцијален играч во таборот на Реал Мадрид го издвои капитенот Серхио Рамос, бидејќи според него, „кралевите“ нема да ги оствареле успесите во изминативе неколку години без вистинскиот лидер на теренот.

– Единствен играч со кој не би сакал да се соочам е Рамос. Не лажам кога велам дека Реал Мадрид немаше да освои толку многу титули без Рамос во своите редови. Серхио е лидерот на Реал чиј костур е составен од уште двајца играчи. Со ангажманот на Крос Реал го направи посакуваниот исчекор во светската елита. Рамос, Крос и Роналдо се срцето на Реал. Ако овие тројца играат на највисоко ниво, Баерн ќе мора да даде повеќе од максимумот за да се носи со нив, – смета Ефенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг