Левандовски: Реал е фаворит

Макфакс

24/04/2018

12:50

1.127

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски, верува дека неговиот тим може да го елиминира Реал во полуфиналето во Лигата на шампионите, иако смета дека тимот од Мадрид е фаворит во двомечот.

„Кога во две години двапати ќе ја освоите Лигата на шампионите, нормално е дека сте фаворити. Секако ова не значи дека Реал ќе победи“, рекол Левандовски.

„Последните натпревари покажаа дека секого можеме да победиме. Се наоѓаме во добра форма. Концентрацијата треба да ни биде на највисоко ниво во текот на целиот натпревар и ќе мора да ги користиме евентуалните грешки“.

Овие две екипи играа минатата сезона во четврт-финалето, кога Реал со вкупен резултат 6:3 мина во наредната фаза.

„Секој натпревар е посебен. Воопшто не размислуваме за она што се случуваше минатата година“, истакнал најдобриот стрелец на Баерн, најгласувајќи дека во тимот на Реал сите играчи се опасни.

Првото полуфинале Баерн и Реал ќе го одиграат в среда во Минхен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг