Лавров: Провокациите на Западот во Сирија би можеле да се повторат

Макфакс

23/04/2018

15:48

1.083

Големина на фонт

а а а

Според рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, провокациите на западните земји во Сирија би можеле да се повторат и земјата треба да биде подготвена на тоа.

„Без сомнеж треба да бидеме подготвени за евентуално повторување на провокациите, и покрај тоа што категорично ги предупредивме нашите американски и европски колеги кои учествуваа во оваа авантура“, рече тој.

Лавров го нарече „колонијална позиција“ повикот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, да не се повлекуваат војниците од Сирија, дури и по победата над тероризмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг