Косовско признание за српската активистка Наташа Кандиќ

Макфакс

23/04/2018

15:23

1.342

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ѝ го врачи признанието “Златна карта на Косово“ на директорката на Фондацијата за хуманитарни права од Белград, Наташа Кандиќ.

Харадинај изјави дека ангажирањето на српската активистка Наташа Кандиќ во сферата на човековите права е од големо значење. ,,Фондот што го предводи Кандиќ даде најточни податоци за убиените за време на војната во Косово“, додаде Харадинај. Тој вели дека да дејствуваш во една несигурна средина, а да не ги одвојуваш жртвите според етничката припадност, туку да бараш правда за убиените не е само хуманизам, туку и смелост и човечност“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг