Голема рација во Тајланд: Туристи од Западот фатени „на дело“ за време на голема оргија

Точка

23/04/2018

13:58

6.193

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Тајланд добила информации за илегални оргии во еден хотел, по што била организирана акција која што резултирала со апсење на 18 мажи претежно од Западна Европа и САД.

Туристите биле фатени во илегални оргии со млади девојки од Тајланд. Драматичните видео снимки прикажуваат како полицијата упаѓа во неколку хотелски соби во популарното тајландско туристичко место Патаја, каде што гостите плаќале околу 35 фунти за учество во оргиите.

Меѓу 18-те мажи кои што биле уапсени имало државјани на Велика Британија, САД, Германија, Канада, Австралија и Кина. Откако биле одведени во полициската станица и биле испрашувани, тие биле пуштени на слобода.

Сепак, сопственикот на хотелот бил уапсен и задржан во притвор поради илегално водење на хотелот и дозволување за одржување на оргии. Во хотелот биле пронајдени кондоми, лубриканти, сексуални помагала и сето тоа од полицијата било земено како докази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг