Автопатот Демир Капија – Смоквица денеска ќе биде пуштен во употреба

Макфакс

23/04/2018

09:48

2.549

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев денеска во 12 часот ќе присуствува на свечената церемонија по повод пуштањето на делницата Демир Капија – Смоквица на автопатот „Пријателство“.

На свечената церемонија на пуштањето на делницата Демир Капија – Смоквица ќе учествуваат претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, членови на Владата, претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“ од Коридорот 10 во Република Македонија, претставник на централната власт на Република Грција и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг