Вознемирувачко видео: Новинар убиен додека известувал во живо!

Точка

23/04/2018

09:04

8.309

Големина на фонт

а а а

Новинар од Никарагва е убиен додека во живо известувал за време на антивладините демонстрации.

Анхел Гахона ги пренесувал случувањата на протестот во живо на Фејсбук, а додека објаснувал како насилните демонстранти оштетиле банкомат, се слушнале истрели. 

Гахона, кој бил погоден во глава, паднал на земја додека неговите пријатели се обиделе да најдат помош. Не се знае кој пукал во него, а весникот Ла Пренса навел дека вооружени биле и полициските сили и групата која се бори против демонстрантите.

Во Никарагва од среда траат протести против владините планови да се намалат пензиите и работничките права, а се тоа предизвикало голема криза во државата на чие чело е Даниел Ортега.

Црвен крст проценува дека најмалку 6 лица се убиени од почетокот на протестите, додека локалните медиуми јавуваат дека има 25 мртви меѓу кои и 17-годишно момче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг