Вардар најде лек и за „зебрите“: Европскиот првак се враќа од Германија со голема победа

Дерби

22/04/2018

18:55

3.756

Големина на фонт

а а а

Актуелниот европски шампион Вардар победи на гостувањето кај Кил (28:29) во четвртфиналето на Лигата на шампионите и си ги зголеми шансите за нов пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

Вардар беше подобар во првото полувреме добивајќи го со 14:12, а Кил во вториот дел успеа да направи резултатски пресврт и дојде до три голови предност. Сепак, избраниците на Раул Гонзалес не се откажаа од позитивен резултат, во завршницата ја неутрализираа позитивата на Кил, а Дибиров на десетина секунди до крајот погоди за нерешени 28:28.

Германскиот тим искористи тајм-аут, но во последниот напад беше направена грешка во додавање, а Македа од својата половина биеше директно во празниот гол и ги постави конечните 28:29, за голема победа на „црвено-црните“ пред реваншот во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг