Трајковски со асистенција и гол, Палермо со големи шанси за влез во Серија А

Макфакс

21/04/2018

19:34

2.200

Големина на фонт

а а а

Александар Трајковски даде гол од пенал и асистираше на уште еден за да помогне Палермо да стигне до 3:0 победа над Авелино во Серија Б и да го задржи второто место во Серија Б, кое директно носи во италијанската елита.

Палермо дојде во водство уште во 9. минута преку гол од пенал на Коронадо, додека Трајковски блесна во второто полувреме – прво му асистираше на Ла Гумина за гол во 67. минута, за во 73. минута тој да биде стрелецот на третиот гол од пенал.

Со победата, Палермо има 63 поени по 37 натпревари, дури 10 помалку од првопласираниот Емполи, но исто како третопласираната Парма. Во трка за второто место е и Фрозиноне, кои се четврти со 62 поени.

Вториот македонски репрезентативец во Сицилија, Илија Несторовски има повреда и ќе паузира неколку недели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг