Нови вакцини против стрептокока и рота вируси

Макфакс

21/04/2018

19:26

1.826

Големина на фонт

а а а

Главни приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од стрептокока и од рота вируси, кои пак се причинители на тешки заболувања проследени со компликации, најчесто кај малите деца до 5 годишна возраст, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Како што објасни тој, новиот календар е комплетно усогласен со препораките на СЗО, во областа на имунизацијата.


„Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје. Активностите ќе продолжат и понатаму не само во рамки на одбележување на Европската недела на имунизација. Со континуирана промоција и едукација ќе бидат опфатени здравствени работници и родители, со цел и во иднина да се зголемува опфатот со сите вакцини и да не дозволиме долгогодишната традиција на успешна вакцинација да ја нарушиме, а со тоа да не дозволиме појава на заразни болести и епидемии во државата“ рече министерот Филипче.


Имунизацијата, како што нагласи Филипче, е еден од приоритетите на Министерството за здравство, бидејќи е значајна здравствена, социјална и економска придобивка.

Под мотото “Заштити, спречи, вакцинирај “ земјава 13-та година по ред со забавно едукативен настан во градскиот парк ја одбележува Европската недела на имунизација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг