Ова се робовите на Ким: Тајна снимка ја открива најпрофитабилната извозна гранка на Пјонгјанг

Точка

21/04/2018

15:20

10.532

Големина на фонт

а а а

Еден севернокорејски работник вработен во рускиот град Владивосток му рекол на новинарот: "Тука не третираат како кучиња. Мора да јадете прашина, мора да се откажете од тоа дека сте луѓе", ја почнува својата исповед еден севернокорејски работник ангажиран во руски Владивосток.

Се верува дека околу 800 Севернокорејци работат како заварувачи и работици во бродоградилишта во Полска, пренесува "BBC". 

Севернокорејскиот раководител на една полска компанија тврди: "Кога постојат рокови, работиме без паузи. Не како полските работници кои работат по 8 часа дневно, а потоа одат дома. Ние не работиме така".

Во една тајна снимка, властите го бранеле ангажманот на своите работници: "Имаат можност да го видат светот и добиваат неколку долари, а со тоа веројатно му помагаат на целото семејство".

Компаниите кои учествувале во документарниот филм негирале било какви неправилности, додека Пјонгјанг инсистира дека неговите сонародници работат легално.

Меѓутоа, Тае Јонг Хо, поранешен заменик амбасадор на Северна Кореја во Британија, изјавил дека парите кои работниците ги праќаат помагаат во воените амбиции на Ким Јонг Ун и го финансираат луксузниот начин на живот на семејството.

"Ако тие пари се користат за мирен економски развој, економијата би била на подобро место", рекол тој. "Па каде одат сите тие пари? Па, го финансираат луксузот на Ким, нуклеарната програма и војската", вели тој.

Соочувајќи се со американски и меѓународни санкции, Северна Кореја се потпира на своите работници во странство како начин за добивање на девизи.

Постојат различни податоци за тоа колку годишно заработува Северна Кореја од своите работници. Извештајот на ОН од 2015. година укажува на тоа дека Севернокорејците кои работат во странство, на Пјонгјанг му заработиле меѓу 1,2 и 2,3 милијарди долари годишно.

Главните пазари за севернокорејските работници се Кина и Русија, но и Персискиот залив, каде ги има неколку илјади.




Спонзорирани линкови

Маркетинг