Турскиот парламент одобри вонредни избори во јуни

Макфакс

20/04/2018

23:15

1.358

Големина на фонт

а а а

Турскиот праламент го одобри предлогот претседателските и парламентарните избори да се одржат на 24 јуни, една година порано од планираното, пренесоа турските медиуми. Во пресрет на гласањето пратениците од опозициската прокурдска Народна демократска партија, излегле од парламентот во знак на протест.

Сите преостанати пратеници во салата го поддржале предлогот изборите да се одржат во јуни, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека тие би требало да се одржат предвремено.

Претходно претседателските и парламентарните избори беа планирани за ноември 2019 година.Турскиот парламент претходно одобри продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, која беше воведена по неуспешниот државен удар во јули 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг