Напуштена 700 годишна пештера претворена во луксузен дом

Точка

20/04/2018

18:23

10.388

Големина на фонт

а а а

Ако никогаш не ви била привлечна идејата да живеете во пештера, „The Rockhouse Retreat” ќе ве натера два пати да размислите. Лоцирана во рурален Ворчестершир, Англија, ова уникатно одморалиште е вградено во ескарпа од песочник во близина на шумата Вир.

Како резиденција, таа има долга историја - пештерата била населена повеќе од 700 години пред да биде напуштена во 1962 година и вратена во нејзината природна состојба. Во 2015 година, ентузијастот и сопственик Анџело Мастропјетро потрошил 230.000 долари за да ја претвори во романтично, изолирано одморалиште.


„The Rockhouse Retreat” зафаќа 65 квадратни метри, и е спој од современ стил и удобност и спокојство на природата. Нејзината внатрешност има голем број луксузни надградби кои не би ги очекувале во пештера. Ова вклучува: “rain forest” туш, подно греење во тоалетот/соблекувална, целосно опремена кујна, бесплатен Wi-Fi интернет, станица за телефон и Неспресо кафемат. Покрај тоа, има и тераса со надворешна кујна со скара.


Невообичаеното одморалиште  на Мастропјетро е наменето за оние кои сакаат да поминат време во истражување на природата. Областа нуди доста атракции на отворено, како што се 40 километарски пешачки патеки и сафари паркот „West Midlands”. Гостите исто така можат да го посетат историскиот град Бјудли и да уживаат во неговата комерцијална понуда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг