Аргентинска легенда: Меси треба да заборави на Барселона и да се фокусира на една работа

Дерби

20/04/2018

16:24

1.103

Големина на фонт

а а а

Повозрасните фудбалски фанови сигурно се сеќаваат на Оскар Алфредо Ругери, човекот кој своевремено беше дел од Реал Мадрид, но и од аргентинската репрезентација која триумфираше на Светското првенство во 1986 година.

Токму Ругери кој има и други успеси со „гаучосите“ и со останатите клубови во кои има настапувано испрати порака до Лионел Меси кој според него треба да престане да игра за Барселона. Оскар смета дека Меси по финалето на Купот на Шпанија кое се игра викендов треба да заборави на каталонците и да се фокусира на една работа-СП во Русија.

- Дали мислите дека Барселона ќе ја загуби титулата во Шпанија ако Меси не игра? Меси може да му се јави на претседателот на клубот и да му каже: „ова е мој мундијал, ќе се посветам на националниот тим“. Тој исто така мора да му се јави на селекторот и да му каже дека ќе биде целосно фокусиран на СП, - рече Ругери кој се потсети на нивните подготовки од пред три децении.

- Пред Мексико 1986 имавме 65 денови за подготовки, сите бевме заедно. Што мислите што ќе прават другите играчи кога ќе видат оти Меси се фокусира со селекторот, - додаде некогашниот дефанзивец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг