Кога ќе се замеша кармата: Леванте им врати „мило за драго” на Малага за испаѓањето од 2016 година

Дерби

20/04/2018

13:56

1.587

Големина на фонт

а а а

Малага ги изгуби и последните шанси за опстанок во Примера Дивисион. Претходно иако овој клуб беше споменуван во секој извештај на Примера дека е последно пласиран и му се заканува испаѓање, но, од вчера и официјално е потврдена нивната преселба во Секунда.

Вчерашното гостување против Леванте, каде забележи пораз од 1-0, со гол на Боатенг во 93. минута значеше и збогување со натпреварите од елитната лига во Шпанија и преселба во послабата втора лига.

Но, многу интересен момент е тоа што Леванте пред две сезона во мај 2016, во многу контроверзен натпревар во кои му беа поништени голови во рамките на 36 коло од Примера, изгуби со 3-1 и така Леванте заврши во втората шпанска лига, со што и требаше една година за да се врати во Примера.

Сега, гледајќи ја идентичната ситуација во борбата за опстанок, Леванте, во кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди им се одмазди за тој натпревар, а со тоа и си обезбеди дополнителна предност во борбата за опстанок до крајот на првенството, во кое има уште 5 кола до крајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг