Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Макфакс

20/04/2018

13:44

1.568

Големина на фонт

а а а

Две лица кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи поунудиле гаранција.

Постапувајќи по предлог на одбраната за укинување на мерката притвор за Захарие Симовски, Оливер Поповски и Горан Ѓошевски, обвинети за настаните од 27 април минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 донел одлука за укинување на мерката притвор на двајца од нив.

Имено, советот донел решенија со кои за обвинетите Горан Ѓошевски и Оливер Поповски се определува мерка за обезбедување присуство – гаранција. Со тоа, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката ќе им се определуваат мерки за претпазливост.

За третиот обвинет, Захарие Симовски, бил прифатен предлогот за укинување на мерката притвор и се определува мерка куќен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг