Нуклеарки во нашето соседство: Грците тврдат дека Ципрас им дозволил на САД да разместат боеви глави на нивна територија

Точка

19/04/2018

16:21

4.725

Големина на фонт

а а а

Лидерот на грчката Комунистичка партија тврди дека Американците разместиле нуклеарно оружје во база на грчка територија, а тоа им го дозволила официјална Атина.

Лидерот на грчката Комунистичка партија, Димитрис Коуцоумпас остро ги критикуваше грчките власти поради попуштањето на притисоците од страна на САД и ЕУ. Тој тврди дека владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас им дозволила на Американците да распоредат нуклеарно вооружување во Грција.

Во интервјуто за грчката телевизија "ANT1 TV", Коуцоумпас порача дека на територијата на нашиот јужен сосед се наоѓаат повеќе американски и воени бази на НАТО Алијансата, а грчката јавност не е свесна за тоа.


Понатаму, тој порача дека Американците натрупуваат нуклеарно вооружување во воената база Араксос, западно од Атина.

Според него, американски воени дронови се распоредени во базата „Лариса“ јужно од Солун, додека пак американски воени хеликоптери исто така се распоредени во базата Александрополи во близина на границата на Грција со Турција. Тој исто така порача дека американска воена опрема има и на грчкиот остров Крит, поточно во базата Соуда.


Според лидерот на Комунистичката партија на Грција, неодамна Американците во земјата довеле воена опрема под изговор дека земјата која што е членка на НАТО Алијансата треба да биде зајакната поради мигрантската криза.

Сето ова властите од Атина го отфрлаат, а грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас изјави дека за нуклеарно оружје на територијата на Грција никогаш ниту се разговарало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг