СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски си поигруваат со чувствата на граѓаните

Макфакс

19/04/2018

14:50

997

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски приземно и неодговорно си поигруваат со чувствата на граѓаните, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на Александар Нацев.

„Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречување на правдата и злоупотреби на судските процеси беа главна одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија којашто и денес како опозиција продолжува со ниското, приземно ниво на злоупотреба на човечки трагедии. За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога политиката се мешаше во судството а процесите партиски се нарачуваа и монтираа заврши со заминувањето на таа партија во опозиција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајнички, ниско и скандалозно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствата на граѓаните“, смета СДСМ.

Пртијата на власт, преку соопштението го кртикува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого вели дека се уште е заробен во погрешните политики на Никола Груевски.

„За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали коишто ги поседуваше СДСМ, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство“, соопшти СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг