Фотографии од Сирија, пред и по крвавата војна: Неверојатно е што може човековата рака да изгради, па да сруши!

Точка

19/04/2018

12:02

5.421

Големина на фонт

а а а

Сирија пред војната била една од земјите со најдолга и најсофистицирана историја на светот, а била и дел од некои од најголемите царства на светот, вклучувајќи ги египетското, персиското и римското.

Сирија пред граѓанската војна била политичка и воена сила на Блискиот исток, со богата економија, античка археологија и иновативна IT индустрија. 

Денес градовите во Сирија се срамнети со земја, повеќе од 500.000 Сиријци загинале во судирите додека повеќе од шест милиони побегнале откако избила граѓанската војна.

Во Сирија веќе седум години беснее граѓанска војна меѓу претставниците на властите предводени од претседателот Башар Ал Асад и бунтовниците. Војната почнала во 2011. година, а кратко по нејзиното избивање во судирот се вмешале сите регионални сили - Иран, Израел, Саудиска Арабија и Турција, европските велесили Франција, Германија и Обединетото Кралство, како и САД и Русија.

Иако градовите во Сирија денес се речиси целосно урнати, некогаш не било така. Сирија пред војната била една од земјите со најдолга и најсофистицирана историја на светот, а била и дел од некои од најголемите царства на светот, вклучувајќи ги египетското, персиското и римското.

Сирискиот народ бил многу дружељубив, а редовно се состанувале на пазарите, кои на вистински начин го отсликувале менталитетот на Сиријците. Денес ваквите собири не постојат.

Најголемите градови, Дамаск, Алепо и Хомс претрпеле големи штети, а во нив се одвиваат најкрвавите судири. Повеќе од 500.000 Сиријци загинале во судирите, додека повеќе од 6 милиони побегнале.

Владата на Башар ал Асад неколку пати била обвинета дека во нападите користела хемиско оружје, а последниот во низата такви напади се случил на 7. април. Потоа уследила одмазда на САД, Велика Британија и Франција, кои една седмица подоцна извеле воена интервенција во Сирија.

Верувале или не, денес урнатите градови некогаш биле индустриски и комерцијални центри во Сирија, додека не ги уништила крвавата војна.

##https://twitter.com/Kalowaishi/status/402734851797057536##

##https://twitter.com/Armanmalek/status/317380699206336512##



Спонзорирани линкови

Маркетинг