ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните живеат полошо од пред една година

Макфакс

19/04/2018

09:58

499

Големина на фонт

а а а

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава.

„Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција. Економијата стагнира, кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да менаџира со економијата. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев, ја урнисаа македонската економија. 0 проценти раст на БДП во 2017 година, 20 проценти пад на градежништвото“, се вели во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат додаваат дека додека економијата тоне, Македонија се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг