„Метеорски дијаманти” се доказ за постоењето на загубена планета

Точка

18/04/2018

22:32

6.251

Големина на фонт

а а а

Камен од вселената, кој во себе содржел дијаманти, а експлодира во атмосферата во 2008 година, е дел од изгубената планета која припаѓала на првичниот сончев систем.

Оваа планета „предок” постоела пред неколку милијарди години, пред да се распадне во судир, и била голема колку Меркур или Марс. Тимот научници веруваат дека притисоците кои се потребни за да се создаде таков дијамант се можни само на планета од оваа големина.


Научниците, со користење на три различни микроскопи, успеале да го откријат составот на дијамантските камења, пронајдени во 2008 година во Нубијската пустината во северниот дел на Судан.


Некои од материјалите од кои се состојат камењата можат да се појават само на притисок поголем од 20 гигапаскали, а такви услови се можни само во "големо планетарно тело", пишува BBC.


Фарханг Набиеи, од Политехничкиот факултет во Лозана, и неговите колеги велат дека нивните мерења го даваат "првиот убедлив доказ за постоењето на толку големо небесно тело, по неговото исчезнување." Нивните откритија, исто така, ја поддржуваат теоријата дека планетите на денешниот сончев систем настанале од остатоците на повеќе десетици "прото-планети".


Метеоритите создадени од таквите судири се категоризираат како вселенски камења - уреилити, кои спаѓаат во помалку од еден процент објекти кои се судираат со Земјата. Научниците веруваат дека ваквите астероиди може да бидат остатоци од истата прото-планета.


"Небесните тела со големина на Марс биле вообичаени. Тие или се собирале и се сплотувале, формирајќи поголеми планети, или се удирале во сонцето, или биле исфрлувани од Сончевиот систем. Студијата дава убедлив доказ дека прото-телата од уреилити формирале една голема „изгубена” планета, пред таа да биде уништена во судир ", заклучуваат швајцарските научници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг