Ова малечко село е најдобро чуваната тајна на Големиот Кањон

Точка

18/04/2018

20:27

9.922

Големина на фонт

а а а

Додека секоја туристичка дестинација има популарни атракции по кои таа е позната, тајната за да се доживее вистинско домородно искуство лежи во откривањето на најдобро чуваните тајни на таа локација. А кога станува збор за Големиот Кањон, тука се чува една од најшармантните југозападни тајни. Скриено далеку на дното на кањонот Хавасу, се наоѓа малото село Супаи, домот на племето Хавасупаи.


Всушност, да се каже дека е скриено можеби не е баш најправилно. Селото се наоѓа на 12 километри од најблискиот пат и е достапно само со хеликоптер, пешачење или мазга.


Хавасупаи можеби е најмалото американско племе во земјата со околу 600 членови, но со текот на годините, тие направиле големи напори за да го зачуваат својот автентичен начин на живот.


Во 1975 година, тие ги избркаа National Park Rangers од своето село, тврдејќи дека тоа е нивно. Изненадувачки, нивниот главен приход доаѓа од туризмот - секоја година, околу 20.000 посетители патуваат покрај спектакуларните водопади и кањони за да стигнат до Супаи.


Ова скриено југозападно село би бил интересен додаток на вашата листа за патување. Тоа е мало, но има сè што е потребно за нормален и смирен начин на живеење - кафуле, продавници, пошта, училиште и мала црква. И да, поштата во Супаи се доставува со мазга.




Спонзорирани линкови

Маркетинг