Закерберг ќе мора и на челниците на ЕУ да им објасни некои работи...

Точка

18/04/2018

18:11

2.557

Големина на фонт

а а а

Фејсбук досега се потпираше на Шерил Сендберг да ги држи европските власти подалеку од просториите на социјалната мрежа, но сега дојде време Марк Закербер лично да објасни некои работи.

Откако одработи повеќе од 10 часа сведочење пред американскиот Конгрес, а во британскиот парламент го испрати својот заменик, шефот на Фејсбук, Марк Закербер сепак ќе мора лично да им одговара на прашањата на властите и на Европската унија.

Како што соопштија од Брисел, потпретседателот на Европската комисија Андрус Ансип ќе се сретне со Марк Закерберг за време на неговата посета на Сан Франциско.


Да потсетиме, првиот човек на Фејсбук доби покана да се појави пред Европскиот парламент и да објасни како податоците на околу 2,7 милиони европски корисници завршиле во рацете на „Кембриџ Аналитика“. Меѓутоа, од Фејсбук порачаа дека Закерберг нема да се појави во Европскиот парламент.

Инаку, Ансип за време на својата турнеја во САД, покрај со Закерберг, ќе оствари средби и со шефот на Гугл - Сундар Пичаи, како и со претставници на Твитер и Нетфликс за да поразговара за заштитата на приватноста на интернет, илегалните содржини, дигиталната заштита на права и вештачката интелигенција.


Со оглед на тоа што Европската унија се подготвува за воведување на некои промени кога станува збор за употребата на интернетот, јасно е дека американските компании кои што во земјите од Европската унија имаат милиони корисници, ќе мора да докажат дека се подготвени за новите строги правила.

Доколку тие не покажат подготвеност за соработка со Европската унија, тогаш би можеле да добијат високи казни од властите од Брисел, какви што ЕУ веќе им одредуваше на некои интернет гиганти како што е Гугл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг