Истражувањата потврдуваат: Високопротеинската храна е полн погодок и еве зошто

Точка

18/04/2018

17:00

2.172

Големина на фонт

а а а

Науката за исхраната е комплесна и е во постојан напредок, но од досегашните истражувања јасно е докажано дека високопротеинската исхрана е дефинитивно добар избор и еве зошто:

Во овој текст ќе ги расчистиме дилемите поврзани за сите наслови кои ја претставуваат таа нереална слика за мноштвото диети кои се препорачуваат секојдневно и ќе се вратиме на основните компоненти кои се потребни за секоја квалитетна диета, а тоа е протеинот.

Што е протеинот и зошто е толку важен?

Протеините се примарни градбени единици во телото. Тие ги градат ткивата на мускулите, органите, кожата како и многу други молекули кои се од големо значење за телото како: хормони, ензими и разни мозочни хемиски процеси.

Протеините содржат мали молекули познати како амино киселини, кои се поврзуваат во еден долг ланец кој може да се моделира во најразлични форми.


Нашето тело може да продуцира дванаесет од амиино киселините потребни да формираат протеински молекули, но девет додатни амино киселини телото мора да ги добие од храната која ја внесуваме. За првите се вели дека не се неопходни, додека вторите се неопходни амино киселини. Колкаво количество на протеин внесувате секојдневно е примарен фактор кој одлучува дали вашето тело добива доволно неопходни амино киселини, а покрај количеството голема важност има и квалитет на протеинот кој го внесувате.


Губите маснотии, а не мускулна маса.

Кога сте фокусирани на високопротеинска исхрана вие губите маснотии, а не мускулна маса. Во процесот на слабеење, целта не е да ги изгубите „килограмите“, туку да ги изгубите вишокот маснотии. Истражувањата покажуваат дека ова е најефективниот начин на здраво слабеење бидејќи го губите само она што не ви е потребно, додека ја зачувувате мускулната маса.


Со високопротеинската диета не чувствувате глад.

Една од најголемите препреки на кои наидуваат луѓето кои сакаат да започнат некаква диета е сознанието дека ќе чувствуваат глад во процесот на слабеење. Една од најголемите придобивки на високопротеинската храна е тоа што во истиот процес не чувствувате глад. Тоа е така бидејќи зголемениот внес на протеин го намалува апетитот преку одредени механизми меѓу кои и хормоните поврзани со глад. Истражувањата покажуваат дека протеинските оброци ве одржуваат најадени многу подолго време отколку било која друга храна, вклучувајќи го и фактот дека веројатноста да се прејадете додека се исхранувате со високопротеинска храна е многу мала.


 Што всушност треба да јадете во високопротеинска диета?

Според истражувањата потребно е да внесете од 1,3 г. до 1,8 г. протеин на секој килограм од вашата тежина. Кога се приклучувате кон овој начин на исхрана, многу е важно изворот на протеинот да биде од здрави продукти. Најголем извор на протеини ни доаѓаат од месото, јајца, риба, како и други продукти меѓу кои разни видови на семки, јаткасти плодови и продукти од соја.


Денес на пазарот покрај овие продукти ни се нуди и храна која е високо протеинска, соодветна за оние кои едноставно сакаат да се исхрануваат здраво, како и за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина. Огромна предност кај оваа храна е што не се губи време во подготовка на истата, е многу лесно достапна и можете буквално секаде да ја носите со себе. Високопротеинскаta храна Pro-Fit содржи се што ви е потребно доколку се стремите кон овој начин на исхрана. Оброците на Pro-Fit содржат од 16-18 г. протеин, што укажува на тоа дека во текот на денот вие го консумирате целото количество на протеин кое ви е потребно.


Асортиманот на производи на Pro-Fit нуди протеински кранчови, пудинзи, чипсови, палачинки, бисквити, шејкови и супи. Интересен податок е дека храната како чипсови, палачинки, бисквити и кранчови во нашето секојдневие ја ставаме во кош на нездрава храна. Сепак, овие производи се далеку од она што ни се нуди на полиците во маркетите, Pro-Fit оброците се во потполност здрави и ги содржат сите хранливи вредности потребни во високопротеинската диета, без никакви штетни додатоци. Pro-Fit е полн погодок за сите кои се грижат за себе и своето здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг