Тотално уништување: Овој објект бил една од главните мети, па Американците немале милост...

Точка

18/04/2018

09:46

5.435

Големина на фонт

а а а

Сириската државна телевизија објави видео снимка од уништениот научно-истражувачки центар во близина на Дамаск кој што беше една од главните мети на нападите на САД, Франција и Велика Британија.

Овој објект бил означен како место на кое што сирискиот режим развива хемиско оружје, додека пак сириските власти тврдат дека тука се произведувале лекови. Како што покажуваат видео снимките, од објектот не останало ништо - срушено е практично се после нападот на САД и сојузниците.

Американскиот генерал на маринците, Џозеф Данфорд изјави во Вашингтон дека тоа било центар за истражување, развој, производство и тестирање на хемиско и биолошко оружје.

Портпаролот на Пентагон, генерал полковник Кенет Мекензи изјави дека врз центарот биле лансирани 76 проектили кои што „успешно ги уништиле трите згради во Дамаск, еден од најсилно бранетите воздушни простори во светот“.

Сирискиот научно-истражувачки центар не се наоѓа далеку од Источна Гута, порачје со населби и земјоделски центар во регонот кое што беше едно од најголемите упоришта на бунтовниците кои што се борат против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Последната група се предала неколку часа после наводниот хемиски напад кој што бил изведен од страна на сириската армија, а подоцна истиот и резултираше со одмазда и напади на САД, Велика Британија и Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг