Погледнете како изгледаат во акција: Со овие моќни оружја Американците и нивните сојузници ја потресоа Сирија

Точка

16/04/2018

16:30

5.932

Големина на фонт

а а а

Пентагон и британското и француското министерство за одбрана објавија податоци за вооружувањето кое што било користено при неодамнешниот напад на Сирија.

Американски "CNN" направи „краток преглед“ на оружјата кои што беше потврдено дека биле користени од страна на американската, британската и француската армија во неодамнешниот напад на Сирија како одмазда на хемискиот напад во Дума за кој што западните сили тврдеа дека е изведен од страна на режимот на Асад.

„Tornado GR4“ (Велика Британија)

Британците во нападот учествувале со четири борбени авиони од типот „Торнадо ГР4“ вооружени со проектилите "Storm Shadow". Подоцна беше откриено дека во операцијата учествувале и неколку борбени авиони од типот Eurofighter Typhoon. Авионите полетале од воздушна база на Кипар и нападнале хемиска лабараторија во Хомс.

„Торнадата“ не морале да долетаат во сирискиот воздушен простор затоа што ракетите "Storm Shadow" со боеви глави тешки 400 килограми имаат домет од 400 километри. Вкупно биле лансирани осум такви проектили.

„Rafale и Mirage борбени ловци“ (Франција)

Во операцијата учествувале и двомоторните ловци "Rafale" на француското воено воздухопловство, а овие авиони полетале од воена база во Франција - исто така биле вооружени со "Storm Shadow". Американските власти подоцна открја дека француското воено воздухопловство испратило и уште „неколку“ авиони од типот "Mirage".

"B-1 бомбардери“ (САД)

Два вакви бомбардери учествувале во нападот на Сирија како дел од американското воено воздухопловство. Тие лансирале 19 крстосувачки ракети "JASSM" со домет поглем од 370 километри. Се претпоставува дека полетале од базата во Катар - Ал Удеид.


"Tomahawk" (САД)

Од Пентагон потврдија дека од три воени бродови и една подморница биле лансирани крстосувачки ракети "Tomahawk" чиј што домет е 2500 километри. Од разурнувачот "USS Monterey" од Црвеното море биле лансирани 30 вакви проектили, а од "USS Laboon" уште седум. Од разурнувачот "USS Higgins" во Персискиот залив биле лансирани 23, а од подморницата "USS John Warner" биле лансирани уште шест "Tomahawk" ракети.

"MdCN крстосувачки ракети" Франција

Од една француска фрегата биле лансирани три крстосувачки ракети од типот "MdCN" чиј што домет засега е тајна, а се претпоставува дека може да летаат над илјада километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг