Клучниот аргумент пред ударот на Сирија: Еве како Макрон го убедил Трамп...

Точка

16/04/2018

12:32

4.801

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тој го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да ја промени одлуката околу „престојот“ на американската армија во Сирија.

Претседателот на Франција во интервјуто за француската телевизија "BFM" изјави дека во телефонски разговор, пред нападот на коалициските сили на Сирија во саботата наутро, го убедил Трамп да не ја повлекува војската од Сирија, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

„Го убедивме дека е неопходно да остане таму. Имаме целосен меѓународен легитимитет да делуваме во тие рамки. Три земји членки на Советот за безбедност интервенираа“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што е познато, Доналд Трамп неодамна ја изненади светската јавност откако јавно порача дека ќе нареди повлекување на американската армија од Сирија.


Доналд Трамп истакна дека време е војниците да се вратат дома и да се фокусираат на домашната безбедност, затоа што нивното присуство во Сирија повеќе им било од корист на американските сојузници, отколку на САД.

Сепак, тој не само што ја промени одлуката и амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли порача дека војската ќе остане се додека не бидат исполнети одредени цели, Трамп во саботата наутро нареди и воен напад на Сирија во кој што покрај американската армија, учествуваа вооружените сили на Франција и Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг