Фотографиите од мртви деца не се лажни вести, рече амбасадорката на САД во ОН

Макфакс

14/04/2018

20:00

2.077

Големина на фонт

а а а

Американската амбасадорка во Обединетите Нации, Ники Хејли на денешната седница на Советот за безбедност истакна дека во нападите на САД и сојузниците бил уништен погон за производство на хемиско оружје.

„САД е убеден дека сириската програма за хемиско оружје е онеспособена. Сирискиот режим не присили на делување поради користењето на хемиско оружје“, рече Хејли. Таа додаде дека фотографиите од мртви деца не се лажни вести и тоа покажува колку сирискиот режим е варварски и нехуман. Синоќа САД, Велика Британија и Франција изведоа воздушни напади во Сирија, како реакција на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг