Западот не ги оправдува ударите врз Сирија со ништо друго освен со информации земени од медиумите и социјалните мрежи, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Покрај написите во медиумите и социјалните мрежи, доволно смешно за експертите е што тврдењата не се поткрепени со ништо повеќе“, изјави Лавров.
Тој додаде дека претседателот на Франција, Емануел Макрон кој јавно изјави дека располага со несоборливи докази за употребата на хемиско оружје, разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
„За време на разговорот, нашиот претседател замолил тие докази да бидат споделени. Макрон му одговорил дека се работи за информации од таен карактер“, додаде Лавров.