Ако сте ја примиле оваа порака, тогаш сте еден од "смртниците" на кои Закерберг им ја дозволил новата опција на Фејсбук

Точка

14/04/2018

15:11

12.631

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Фејсбук на подрачјето на Европа почнале да добиваат нотификации во кои од нив се бара да ги проверат своите поставки за приватност, за да можат да продолжат со користење на апликацијата "Messenger".


Фејсбук на тој чекор се одлучил поради новиот закон за регулација и заштита на податоците кој ќе стапи на сила од 25 мај, а бил изгласан за да надгледува компании како Фејсбук и Гугл, по зголемената загриженост околу начинот на кој се собираат и споредуваат приватните податоци на корисниците. 

Известувањето за проверка на податоците до корисниците доаѓа откако ќе се поврзат на "Messenger" преку телефон или таблет.

"Ве молиме да ги проверите вашите поставки до 25. мај, за да можете да продолжите со користење на "Messenger"", пишува во известувањето.

Откако ќе стиснете "Прегледај сега", системот ве пренасочува на поставките на апликацијата. Некои корисници пријавиле дека оваа опција не им функционира, па можно е Фејсбук моментално само да ја тестира опцијата пред да им биде достапна на сите.

Шефот на "Фејсбук", Марк Закерберг, на 11. април сведочел пред американските сенатори поради аферата во која протекле личните податоци на повеќе од 80 милиони корисници на Фејсбук.

Според последните проценки, биле загрозени дури 87 милиони корисници на Фејсбук, а исто така последните денови се споменува дека приватните разговори преку "Messinger" биле снимани, и дека таа содржина отишла во рацете на "Cambridge Analytica", што било отфрлено како неточно.

Улогата на "GDPR" е да ја засили и обедини заштитата на податоци за сите корисници внатре во Европската унија, што значи дека ќе надгледува како компаниите ги користат податоците кои ги добиле од своите корисници. Под новиот закон компаниите ќе бидат должни да го пријават секое протекување на податоци во рок од 72 часа. Исто така ќе мора и да им овозможат на своите корисници бришење на податоци и така да спречат нечија намера тие да се користат за потребите на трето лице.

Ова ќе биде најголема промена во правилата за заштита на личните податоци во историјата на интернетот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг