Според Израел нападот во Сирија е соодветен одговор

Макфакс

14/04/2018

14:02

1.623

Големина на фонт

а а а

Израел соопшти дека заедничкиот удар на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија бил соодветен одговор на наводниот хемиски напад и предупреди дека акциите на Дамаск ја довеле земјата до опасност од нови удари, вклучувајќи ги и оние против раководството.

„Лани претседателот на САД, Доналд Трамп јасно стави до знаење дека употребата на хемиското оружје ја поминува црвената линија. Минатата ноќ, САД и сојузниците постапија соодветно“, се наведува во соопштението од Ерусалим.

Нападот се случи за време на еврејскиот ден за одмор, Шабат, кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се воздржува од давање на официјални соопштенија.