Меркел: Германија ги поддржува неопходните напади врз Сирија

Макфакс

14/04/2018

13:03

1.304

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека воздушните напади врз сирискиот режим се неопходни, по можната употреба на хемиско оружје во сирискиот град Дума.

„Ние го поддржуваме фактот дека нашите британски, француски и американски сојузници ги презедоа своите одговорности. Потребна е воена интервенција“, рече Меркел.

Канцеларката ја отфрли можноста нејзината земја да се приклучи кон воената акција.