Конечно се сети некој на нив: САД вети 16 милиони долари помош за бегалците од Венецуела

Точка

14/04/2018

13:12

2.178

Големина на фонт

а а а

Додека трае хистеријата околу бегалците од земјите од Блискиот исток и Северна Африка, Западните земји целосно ги заборавија другите краишта на светот - конкретно, Венецуела.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти во Перу дека Соединетите Американски Држави ќе обезбедат 16 милиони долари помош за граѓаните на Венецуела кои што побегнале од таа земја за време на политичката криза која што трае околу тензиите помеѓу опозицијата и претседателот Николас Мадуро.

Пенс од перуанската престолнина Лима изјави дека парите од САД ќе им овозможат на бегалците да имаат пристап до вода, засолништа, како и ќе им обезбедат да пронајдат работа и да се едуцираат.


„Сакаме една работа да биде јасна - стоиме зад народот на Венецуела“, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Пенс присуствува на латиноамериканскиот самит во Перу на кој што многумина очекуваа да заземе цврст став против Венецуела и да ги претстави Соединетите Американски Држави како идеален трговски партнер за овој регион.

Мајк Пенс на самитот пристигна на местото на претседателот Доналд Трамп кој што одлучил да остане во Вашингтон поради напнатата ситуација околу Сирија и можноста Соединетите Американски Држави да изведат воен напад.