Британски генерал во одбрана на Асад: Неговото интервју во живо беше веднаш прекинато

Точка

14/04/2018

11:30

7.577

Големина на фонт

а а а

Водителката на британската телевизија "Sky News" го прекина разговорот со поранешниот командант на одред на британските вооружени сили во Ирак, генералот во пензија Џонатан Шоу, откако тој започна да зборува за „бесмислените претпоставки“ дека сириските власти го извеле хемискиот напад во Дума.

Како што е наведено, Шоу за време на неговото интервју кое што било емитувано во живо, започнал да говори дека сириските власти кои што ја добиваат војната, нема смисол да користат хемиско оружје во една таква ситуација.

„Сметам дека едно нешто не земаме во предвид, а тоа е каков би бил мотивот за да има хемиски напад во тоа време во Сирија. Сиријците победуваат во војната“, изјави поранешниот британски генерал.

Тој додал дека дури и американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека биле победени терористите во Сирија и дека наскоро американските војници ќе ја напуштат земјата.

„И одеднаш - добиваме хемиски напад“, изјави британскиот генерал, по што водителката не му дозволи да ја заврши мислата.

„Извинете, многу ни е жал, чекавме така долго, но мораме да прекинеме. Многу ни е жал“, изјави водителката по што врската со генералот беше прекината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг