Заев со судските полицајци: Повисок стандард и социјален статус за полицијата што ги обезбедува судовите

Макфакс

13/04/2018

20:57

2.428

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и советничката за правда, Тања Чачарова-Илиевска, денеска остварија средба со претставници на судската полиција.

На средбата судските полицајци ги изложија предизвиците со кои се соочуваат во својата секојдневна работа. Тие со премиерот се согласија дека е потребно да се обезбеди повисок стандард и подобар социјален статус за полицијата што ги обезбедува судовите во Република Македонија.

„Владата што јас ја предводам има волја и прави напори да ги обезбеди и зачува работничките вредности на сите професии и дејности и да има нивно соодветно вреднување“, рече премиерот Заев изразувајќи уверување дека преку институциите ќе се заложи за подобар стандард и надминување на актуелните проблеми на претставниците на судската полиција.

Заев и неговите соработници оценија дека се посветува соодветно внимание за подигнување на нивото на професионалност на сите службени лица преку почитувањето на соодветните стандарди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг