Вештачка магла за камуфлажа на воен брод: Трагите на Нацистите и ден денес може да се видат во Норвешка

Точка

13/04/2018

18:30

9.622

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите бродови на воената морнарица на Хитлер за време на Втората светска војна бил најчесто стациониран долж брегот на Норвешка за да спречи евентуална инвазија на Сојузниците. За да го сокријат, Нацистите користеле „хемиска магла“.

Немилосрдната кампања да се уништи "Tripitz", германскиот воен брод во Втората светска војна, оставила трага во околината која што е видлива и ден денес. Нацистите воениот брод го криеле во фјорд - маскиран со вештачка хемиска магла, односно некој облик на димна завеса.

Таквата „вештачка магла“ нанела огромна штета на околните стебла, а Клаудиа Хартл од Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц тоа случајно го открила додека ги истражувала боровите во Кафјорд.


Таа забележала дека боровите кои што се наоѓале во околината каде што била пуштена вештачката магла, речиси денес и да немаат никакви прстени. Архивските документи откриле дека бродот поради камуфлажа испуштал хлоросулфурна киселина, а тоа ја оштетило околината.

Клаудиа Картл забележала дека многу дрвја кои што се постари од 1945-та година воопшто не растеле цели девет години: „Подоцна таквите дрвја се опоравиле, но им биле потребни 30 години да го вратат нормалниот раст. Едно од дрвата и натаму се наоѓа таму, живо е и сето тоа изгледа прилично импресивно“.


Научниците забележале дека дрвјата кои што биле најблиску до брегот речиси и да немаат никакви прстени, а како што се оддалечувале, четири километри подалеку во шумата дрвјата биле сосема „нормални“ и имале прстени.

Бродот "Tripitz" во Кафјорд претрпел одредена штета од сојузничките авиони, но интензивната кампања на Британската и Американската авијација конечно вродила со плод кон крајот на 1944-та година кога британските авион го потопиле во близина на Тромзо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг