Реформските закони со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на гласање во Собранието

Макфакс

12/04/2018

09:56

1.566

Големина на фонт

а а а

По вчерашното гласање доверба на владата, денес со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, ќе се носат законите од реформскиот пакет 3-6-9, кои претходно биле усогласени со ставовите на опозицијата.

Целта на овие закони е приближување до ЕУ и НАТО, како и добивање препорака за членство во Унијата. Реформските закони, треба да го подобрат статусот на Македонија во извештајот на Европската комисија кој се однесува на напредокот на земјата, и ќе биде објавен на 17 април.

Собранискиот спикер Талат Џафери за денес закажал четири седници, на кои меѓу другите закони, се наоѓаат и Законот за јавно обвинителство, Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг