Клоп откри каква била неговата реакција кога дознал дека Рома ја елиминирала Барселона

Дерби

11/04/2018

11:48

2.158

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп со голема насмевка на лицето ја прослави и втората победа на неговиот Ливерпул во четвртфиналната пресметка со Манчестер Сити, а еуфоричната атмосфера во прес салата го натера менаџерот на гостинскиот тим да биде достапен за секакви прашања, па дури и за оние кои не беа поврзани за случувањата на „Итихад“.

Еден од новинарите го запраша менаџерот на Ливерпул дали е изненаден од шокантната елиминација на Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Клоп беше доста искрен и призна дека во прв момент не поверувал дека Рома навистина победила со 3:0 на „Олимпико“.

– Кога се качував по скалите, некој ми кажа дека Барселона испаднала. Искрено, во прв момент мислев дека е шега. Не го велам ова поради тоа што не ја почитувам Рома, тие се фантастичен тим. Едноставно, не го очекував ова, не верував дека е вистина. Сепак, знам дека се е возможно во фудбалот, го загубија Салах минатото лето и сега се во полуфиналето. Тоа е нешто многу големо, – одговори Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг