Џеко: Не е сѐ во парите...

Точка

11/04/2018

11:02

1.795

Големина на фонт

а а а

Един Џеко синоќа беше стрелец на еден гол во сензационалната победа на Рома над Барселона од 3:0 на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Рома се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите, а после натпреварот, новинарите повторно го прашаа Един Џеко за трансферот во Челси кој што во јануари пропадна буквално „во последна минута“.

„Нема сега да зборуваме за тоа. Не е сѐ во парите“, изјави Џеко откако новинарот го праша колку пари одбил од Челси за да остане во Рома.

„Сега можам да играм во полуфиналето од Лигата на шампионие. Не беше лесно, но останав тука и многу ми е мило поради тоа. Ова докажува дека можеме да играме против било кого, затоа што Барселона е силна екипа. Постигнавме три гола и можевме и повеќе“, изјави Един Џеко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг