Талат Џафери препозна петмина од напаѓачите на Села

Макфакс

10/04/2018

13:45

2.332

Големина на фонт

а а а

Од присутните 10 обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година, претседaтелот на Собранието, Талат Џафери, денеска во судницата препозна петмина.

„Лицето во сина тренерка со жолти линии. Сега без брада, тогаш имаше брада и носеше црна тренерка“, се присети Џафери. Тој ги препозна: Стојан Павлески, Никола Димитриевски, Андреј Мицов, Кире Ѓоргиевски и Оливер Ошавковски. „Тие беа првите кои влегоа во прес-салата на Собранието и меѓу првите кои почнаа да ги напаѓаат присутните. Ова го тврдам со целосна одговорност“, рече Џафери на прашање на адвокатот на оштетениот Зијадин Села, Абедин Абдули.

Претходно Џафери во судницата рече дека еден од напаѓачите во Собранието извикал: „Со Села завршивме, на вас е редот’“.

За обидот за убиство на Села обвинети се вкупно десетмина, и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг