Отруениот поранешен руски шпион Скрипал повеќе не е во критична состојба

Точка

06/04/2018

15:43

5.119

Големина на фонт

а а а

Од болницата јавуваат дека добро реагира на терапијата која ја добил по труењето со нервниот агенс.


Поранешниот руски двоен шпион, Сергеј Скрипал, кој со ќерката Јулија бил отруен на 4. март во Велика Британија, повеќе не е во критична состојба, објавила болницата, пренесува "RT.com". 

Од болницата јавуваат дека добро реагира на терапијата која ја добил по труењето со нервниот агенс.

Тој и неговата ќерка биле отруени со нервен агенс минатиот месец во британскиот град Солисбери.

"Добро одговара на лечењето, здравјето многу брзо му се подобрува и повеќе не е во критична состојба", рекла Кристин Бланшард, директорката на болницата во Салисбери, стои во соопштението.

Оваа вест доаѓа само еден ден откако неговата ќерка Јулија се огласила во медиумите и порачала дека нејзиното здравје, како и здравјето на нејзиниот татко се подобрува. Јулија притоа истакнала дека прв пат се разбудила пред една седмица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг