Данев: Oчекуваме седницата за гласање доверба на Владата да биде следната среда

Макфакс

05/04/2018

15:39

1.791

Големина на фонт

а а а

Десет месеци по доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија е заробена држава. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање доверба на Владата. По доставување на барањето до господинот Талат Џафери, очекуваме седницата за гласање доверба да биде закажана за идната среда, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нарушена е безбедноста. Рекетот и изнудата се секојдневие. Се палат возила, а убијците шетаат на слобода. криминалците уживаат во амнестијата. 10 месеци власта ништо не сработи. 10 месеци ржавата константно се задолжува, а немаме ниту инвестиции, ниту проекти. Од доаѓањето на власт до сега оваа расипничка влада се задолжи за 1.6 милијарди евра. Од таквото задолжување државата нема никаков бенефит. Нема нови инфрастуктурни проекти, нема раст на економијата. Економијата минатата година немаше раст, а секаде во регионот економијата отиде напред. Градежништвото падна под 20%. Владата којашто ветуваше инфраструктурен бум, 600 километри нови автопатишта и 550 километри нови магистрални патишта, не само што не почна ниту километар нов пат туку неосновано ја запре изградбата на сите инфраструктурни проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваа реформи во правосудниот систем“, рече Данев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг