Русија бара седница на Советот за безбедност на ОН

Макфакс

04/04/2018

22:45

1.933

Големина на фонт

а а а

Русија бара утре да биде свикана отворена седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Ова го соопштил рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја. „По налог на нашaта влада, ве молиме да свикате отворена седница на СБ на ОН за утре попладне во 15 часот“, рекол тој.

Претходно денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека Велика Британија одбила соработка со Русија во случајот „Скрипал“. Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје претходно го отфрли предлогот за заедничка истрага.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа отруени на клупа во Солсбери, јужна Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг