ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да си поднесе оставка

Макфакс

04/04/2018

16:17

1.256

Големина на фонт

а а а

Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска од пред Агенцијата за млади и спорт порача до директорот на оваа институција, Дарко Каевски, да поднесе оставка.

„Не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки. Дарко Каевски стои како уредник на збирката за млади поети и со тоа ја има директната одговорност за настанатиот скандал кој е полн со шовинизам и говор на омраза. Според Член 50 став (1) од законот за организација на органите на државната управа, Директорот кој раководи со орган на државната управа, директно одговара за сопствената работа и работата на органот со кој раководи пред Владата на Република Македонија“, рече Попов.

Опозицијата смета дека Каевски мора да поднесе оставка, и со тоа, како што велат, да биде за пример за секој носител на јавна функција кој со народните пари ќе финансира шовинизам, сексизам и говор на омраза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг